„15kg во плус и нерви во минус... Среќна годишнина“: Димче Арсовски и сопругата Соња слават годишнина
Поранешниот портпарол Димче Арсовски и неговата сопруга Соња Бјанка, прославија годишнина откако се заедно, со фотографија од моментот на запросувањето.
Парот на фотографијата напишаа:
„15kg во плус и нерви во минус... Среќна годишнина“, напиша Соња, додека Димса со малку поинаков наратив:
„Среќна годишнина со најубавата женичка што се трпиме од љубов и ми го роди бандитчево“.
Димче ја побара Соња за сопруга во јануари 2021 година, а март истата година направија мала свадбена забава.
Давид е плод на нивната љубов, кој во јули наполни 3 години.
Во интервју
за Женски магазин, Соња раскажа како започнала нивната љубовната приказна.
-Со Димче се знаеме многу од порано преку заеднички пријатели. Сосема случајно
започнавме смс комуникација една вечер додека јас имав откажен лет тој ми
правеше друштво, така да додека другите патници беа нервозни на аеродром јас се
смешкав со телефонот. (се смее) . Кoга се вратив почнавме секојдневно да
излегуваме и да зборуваме непрекинето со часови и сфативме дека имаме многу
нешта заеднички. Почнавме врска на дочек на Нова година во еден ресторан каде
што целата вечер си зборувавме само јас и тој. ( и ден денес друштвото што беше
со нас знае во шега да ни префрли дека ние сами сме славеле без нив да ги
забележиме).
Соња вели дека Димче е грижлив сопруг и татко и дека слободното време го поминуваат заедно со нивниот син.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Димса е вклучен во сите обврски околу Давид: Соња искрено за мајчинството и бракот
Портпаролот на ВМРО, Димса Арсовски ја побара за сопруга својата љубов
„Среќен роденден најмило дете мое“: Синот на Соња Бјанка и Димче Арсовски наполни 3 години