Мис Индија победи на Мис Универзум 2021: Која е девојката што ги освои жирито и публиката ширум светот?

На 70. Светски избор за убавина во Израел беше избрана Новата Мис Универзум.  Харназ Санду (21), Мис на Индија, беше прогласена за победничка што ја прави Мис Универзум за 2021 година.

- Изборот за Мис Универзум повеќе не е само избор на најубавата девојка на светот. Мисицата мора да биде општествено одговорна, да ги следи актуелните настани во својата земја и во светот и да има можност да иницира позитивни промени - изјави директорката за односи со јавноста на Мис Универзум Хрватска, Ивана Делач.

Победничката Санду зад себе остави 79 убавици од различни земји. 

Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надија Фереира, додека Мис Јужна Африка Лалеу Мсване беше избрана за втора придружничка.


Круната на Харназ ѝ ја врачи минатогодишната победничка Андреа Меза.

Оваа година глобалниот фокус е на глобалното затоплување, а секоја претставничка на изборот за Мис Универзум требаше да покаже како секој од нас може да помогне да се спаси нашата планета со мали промени во однесувањето.


Харназ Санду од Индија на натпреварот се претстави како силен поборник за зајакнување на жените во светот. Работи како актерка, а најголема инспирација и се славната Пријанка Чопра и нејзината мајка, која е гинеколог, а со која уште од мала волонтирала во кампови за девојчиња, образувајќи ги за хигиената. Во слободното време се занимава со јога, танцување, готвење, јавање и играње шах.


Жирито го сочинуваа познатиот топ модел, Адријана Лима, водителката Адамари Лопез, поранешната Мис Универзум Ајрис Митенаер, актерката Маријан Ривера, познатата боливудска актерка Урваски Раурела и добитничката на Еми наградата Рена Софер.


Фото: Инстаграм