Мишел Обама ја шокираше јавноста: „10 години во брак не можев органски да го поднесам Барак. Но, издржав и еве што научив“
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, призна дека „не
можела да го поднесе“ нејзиниот сопруг Барак Обама речиси една деценија додека
нивните деца растеле.
Оваа 58-годишна жена, една од најпопуларните жени во САД, за ТВ Револт призна дека одгледувањето деца влијаело на нејзиниот брак со Барак.
„Луѓето мислат дека се шегувам кога го кажувам ова, но имаше 10 долги години кога не можев да го поднесам мојот сопруг. И погодете кога се случи тоа? Кога нашите деца беа мали", отворено признала таа.
Мишел истакна дека кризниот период дошол во време кога Барак бил политичка ѕвезда во подем, а на нејзиниот грб паднал најголемиот товар - да се грижи за нивните ќерки Саша и Малиа, кои сега имаат 20-тина години.
„И за тие 10 години додека се обидувавме да ги градиме нашите кариери и се грижевме за нивното образование и која што прави и каде се, јас бев како: „Уф, не сме еднакви во ова“. И погодете што? Бракот никогаш не значи дека обврските се секогаш 50/50. Понекогаш е 70 проценти на мене, 30 проценти на него. Понекогаш е 60/40, но знаете како? Десет „лоши“ години во брак од 30. Секогаш би избрала 10 лоши години во брак од 30 години, јас гледам така на тоа. А луѓето се откажуваат затоа што не можат да издржат пет лоши години“, рече таа.
Мишел моментално ја промовира својата книга „Светлината што ја носиме“, а во извадок објавен во „Гардијан“, таа опиша како таа и Барак научиле дека и покрај сето нивно планирање за семеен живот, „на крајот ќе бидете оставени да се справите со она што ќе ви се случува“.
„Можете да воспоставите системи и рутини, можете да ги примените методите на спиење, исхрана и дисциплина на различни гуруа. Можете да пишувате семејни правила и гласно да зборувате за вашата филозофија или за она во што верувате, но во одреден момент, порано или подоцна, речиси сигурно ќе паднете на колена и ќе сфатите дека и покрај огромниот напор, вие маргинално - а понекогаш и многу маргинално - контролирате што било“, забележа таа.
Таа во еден од деловите додаде дека малите деца се како терористи: „Тие имаат барања. Тие не кажуваат ништо. Тие не комуницираат добро. Тие плачат цело време.
Фото: Профимедиа