Саша имала само три месеци кога лекарите им дале страшна дијагноза: Мишел и Барак Обама поминале низ вистински пекол по раѓањето на нивната ќерка

Добивај вести на Viber

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел поминале низ вистински пекол само три месеци по раѓањето на нивната ќерка Саша.

Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама се долго време во брак и имаат две ќерки Саша (21) и Малија (24).

Иако сега се пораснати, убави и здрави девојчиња, не секогаш било се така супер.


Имено, само три месеци откако Мишел ја родила втората ќерка, Саша, бебето имало здравствени проблеми. Тие биле сериозно потресени, бидејќи добиле ужасна дијагноза од докторите.

 Малата Саша била здраво дете, додека еден ден нејзината мајка не забележала дека бебето се однесува чудно.
- Не сакаше ништо да јаде, само плачеше, не спиеше и беше многу раздразлива.


Тој тежок период од нивниот живот засекогаш ќе остане врежан во нивната меморија.

- Никогаш нема да заборавам. Тоа беше ден кога, знаете, еден час беше добро, нормална, среќна, правеше се што прави секое бебе, а следниот, неутешно плачеше. Знаев дека морам да направам нешто - изјави еднаш Мишел.

- Се обидов да ја нахранам, да ја занишам, да ја земам да подригнува... Ништо од тоа не помогна да ја смирам... Знаев дека морам да ја однесам на педијатар - продолжи таа.

Откако го опишала однесувањето на бебето, ја испратиле во итната медицинска помош.

- Сомнежите се остварија. Имаше менингитис - вели Мишел.

Докторите тогаш направиле се што било во нивна моќ. Благодарение на соодветната нега, бебето успеало да закрепне и денес е многу убава млада дама.

Денес живее во Лос Анџелес со нејзината постара сестра Малија.

Барак Обама го опиша овој период од животот како полош и постресен од било кој што го доживеал додека бил во борба за функцијата претседател на земјата уште во 2012 година.

извор:GLOSSY