КАЈ НАС НЕМА СЛУЧАЈ НА МЕТАПНЕВМОВИРУС, НЕМА ДА БИДЕ РЕПРИЗА НА КОВИД: Д-р Злате Мехмедовиќ со детали
Во првата недела од новата година, човечкиот метапневмовирус (HMPV) е во фокусот на светската јавност. Во Кина е забележан пораст на случаи на оваа респираторна инфекција, а вчера е регистриран и првиот случај во Солун.
Во Македонија, засега не се пријавени случаи на зараза со човечки метапневмовирус (HMPV), но вирусот веќе предизвика внимание во соседните земји, конкретно во Грција и на глобално ниво. Иако е познат и циркулира во зимските месеци, здравствените експерти во земјата нагласуваат дека нема потреба од паника. Според нив, вирусот не претставува сериозна закана, како што беше случај со пандемијата на Ковид-19, и најчесто доведува до релативно благи респираторни симптоми.
Карактеристики на вирусот:
Најчесто ги напаѓа малите деца, постарите лица и луѓето со ослабен имунолошки систем., но исто така, може да предизвика инфекции кај здрави возрасни лица.