Мислела дека е во менопауза, но всушност имала рак: „Беше во 4-от стадиум и насекаде, а потоа се случи чудо“
Со 40 килограми ја победила страшната болест...
Здравствената приказна на Керол Кернаган е пример дека посветеноста на вашето здравје и тело е многу важна.
Имено, Керол има 63 години и кога почнала да забележува дамки од крв на панталоните и болки во колковите, сето тоа го игнорирала бидејќи мислела дека е менопауза. Болките во колкот можно било да ги има и од падот кој го имала.
Менопаузата се јавува на возраст од 45 до 55 години и може да трае до 10 години, па таа имала разумна причина да се сомнева во тоа.
Во 2020 година, Керол сè уште работела како негувателка за луѓе со деменција, која често барала 12-часовни работни денови и постојано одење и стоење, што ја натерало да ја игнорира болката.
Сепак, тестовите кои ги направила во јануари 2021 година покажале нешто поразително. Во четвртата фаза ѝ бил дијагностициран рак на матката.
Лекарите морале да и дадат искрено мислење - дека од оваа безмилосна болест наскоро може да почине. Истражувањето подоцна покажало дека болеста, која започна во слузницата на матката - наречена ендометриум - се проширила одвнатре.
- Откриле дека ракот ми бил во мочниот меур, грлото на матката, цревата, карличниот ѕид - го имало насекаде. Ми рекоа дека не можам да се оперирам и дека немам излез. Отпрвин не сакав да зборувам за мојот погреб, тоа беше страшно. И тогаш го испланирав, бидејќи не знаев колку време ми останува.
Ќерка ми дојде да ме земе за да можам да ги поминам последните денови дома, а потоа ми кажа дека е бремена и дека го носи моето прво внуче. Тогаш ми беше уште тешко – вели таа, пишува „Дејли мејл“.
Во февруари 2021 година, таа започнала со имунотерапија. Тоа е третман кој го стимулира имунолошкиот систем на телото да се бори со клетките на ракот, со надеж дека ќе и даде подобар живот во нејзините преостанати денови.
Со само 40 килограми таа била преслаба за да издржи хемотерапија. Но, лекарите биле изненадени од тоа колку имунотерапијата ги намалила туморите на г-ѓа Кернаган и за многу брзо се чинело дека тие целосно исчезнале.
- Не можеа да поверуваат колку туморот се намалил и продолжуваше да се намалува. За моја среќа, третманот ми даде повеќе од квалитетен живот - ми го врати животот - вели таа.
Керол имала операција за отстранување на остатокот од туморот и официјално е ослободена од ракот од октомври 2021 година.
За време на третманот, лекарите откриле дека г-ѓа Кернаган има генетска состојба наречена Линч синдром, која ја предиспонирала за рак на матката.
Додека таа моментално се опоравува, лекарите не можат да и дадат никакви гаранции дека повторно нема да добие рак поради возраста и состојбата.
Г-ѓа Кернаган би сакала порано да знаела дека има Линч синдром, бидејќи би имала редовни контроли и би правела профилактичка хистеректомија за да ја спречи да добие рак.
Нејзините деца откриле дека го имаат истиот синдром и верно го следат нивното здравје, за се да биде под контрола.
Фото:FreepikИзвор: Ona.telegraf.rs