Мислење кое покрена бура од реакции: Запамтете што рекол Владета Јеротиќ за паметните жени

Ова предизвика бурни реакции.

Покојниот проф. Д-р Владета Јеротиќ одржа голем број јавни предавања и трибини во својата импресивна кариера. Многу од нив се однесуваа на емотивниот и сексуалниот живот.

За профeсорот д-р Јеротиќ не постоеја табу теми. За се зборуваше многу отворено.

На една јавна трибина искажа мислење кое предизвика различни, доста бурни реакции.

„Паметната жена, која е попаметна и поинтелигентна од својот сопруг, никогаш не го покажува тоа, затоа е паметна. Таму лежи нејзината интелигенција. Никогаш не го покажува тоа“.

Зошто 50% од жените се фригидни и невротични: Вака зборуваше Владета Јеротиќ!

Балканските мажи не можат да издржат ако нивната жена е попаметна од нив, па макар и таа да е попаметна. Сега полека и тоа исчезнува, фала богу, веќе не е како што беше, но сепак е така“.

На „културната страница“ на Инстаграм многу жени се огласија во коментари со критики за зборовите на Јеротиќ.

„Паметната жена нема да избере маж кој не може да се справи со тоа...“

„Ова видео треба да се забрани, не сакам моите ќерки случајно да го слушнат ова видео. Ова е перење мозок!“

„Жени, никогаш немојте да мислите дека треба да се понижувате поради несигурен маж. До кога треба да се додворуваме на кревко его? Најдете човек кој ќе ужива во вашата светлина, а не човек кој треба да ја уништи“.

„Човек кој не може да поднесе дека неговата сопруга е добра во нешто како што е тој или уште подобра од него, според мене не е дека не е маж, туку не е ни возрасен маж“.

Што мислите за овие тврдења на професорот?


Фото: Youtube/screenshoot

Познатиот психијатар Владе Јеротиќ тврдеше: „Родителите кои велат дека подеднакво ги сакаат своите деца - лажат“

Зошто денешните деца подоцна созреваат и чекаат сè да им падне од небо? Јеротиќ велеше: „Сè е до родителите!