Mистерија за дневникот на Ана Франк е откриена за јавноста

Добивај вести на Viber

Со дигитални техники за обработка на фотографии, стручни лица прочитаа две страници од познатиот Дневник на Ана Франк, кои девојката ги прекрила со кафеава заштитна хартија.

13 годишната Еврејка која за време на Втората светска војна се криела во Амстердам пред да биде откриена од нацистичките војници и депортирана во логор, запишувала непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата. Ана Франк и нејзиното семејство повеќе од две години се криеле од нацистите, во тајна просторија во куќа во Амстердам. На крај се откриени и испратени во концентрациони логори. Ана и нејзината сестра се убиени во логорот Берген Белзен. Нејзиниот дневник е едно од најзначајните историски сведоштва за Холокаустот врз Евреите во Европа.

Фондацијата на Ана Франк, која го објави откритието, наведува дека новооткриените страници содржат интимни детали за младата девојка и нејзината интерес за сексуалноста. Директорот на музејот „Ана Франк“, Роналд Леополд изјави дека таа, како и секоја адолесцентка, била љубопитна околу сексуалноста, додавајќи дека и на други места во Дневникот е пишувано за тоа.