Мистериозни убиства: Петчлено семејство исчезнало преку ноќ, полицијата пет пати била во куќата и не нашла ништо, но шестиот, откриле нешто страшно
Страшниот случај со исчезнувањето, а потоа и масовното убиство на семејството Дупон де Лигонес во 2011 година во францускиот град Нант ги остави соседите, но и целата земја целосно шокирана. Во април 2011 година, целото семејство, инаку сакано и високо ценето, исчезнало. Нивните работи исчезнале од куќата, ролетните на куќата биле затворени едно утро и никогаш повеќе не биле отворени, а немало ни трага од брачната двојка Ксавиер и Ањеш и нивните деца Артур, Томас, Ен и Беноа.
Загрижен сосед кој бил во контакт со нив откако се вселиле, повикал полиција. Службениците го посетиле семејниот дом пет пати во рок од една недела и не откриле ништо невообичаено. Се чинеше како Дупонт доброволно да го напуштиле семејниот дом. Немаше траги од крв, ниту сомнителни докази сè додека на адресите на членовите на семејството и семејните пријатели не се појавија идентични писма со многу сомнителна приказна.
Таткото Ксавиер им испратил на сите инструкции од неколку страници и во писмото тврдел дека тој всушност бил таен агент кој работел за американската тајна служба во случаите на спроведување на дрога и дека тој и неговото семејство морале да се приклучат на програмата за заштита на сведоци. Пријателите кои ги познавале Дупон се сомневале во приказната и повторно повикале полиција да ја провери куќата.
За време на шестата и клучна посета, еден од полицајците под терасата, каде што се наоѓале чиниите за кучиња, ги пронашол закопаните тела на мајката и четирите деца. Мајката и трите деца биле погребани на едно место, додека најстариот син на Дупон, Томас, бил погребан на друго место. Единствено што недостасуваше беше таткото. Истрагата покажала дека мајката Ањеш, Артур, Ана и Беона биле убиени во периодот од 3 до 5 април 2011 година и дека Ксавиер, главниот осомничен, останал во куќата уште една недела по убиството.
Ден или два по убиството на членовите на семејството, тој го повикал синот Томас, кој бил на факултет, веднаш да се врати дома. Го излажал дека мајка му е во болница. Полицијата и луѓето блиски до случајот веруваат дека Томас поминал ден или два во куќата со својот татко пред Ксавиер да го убие, а потоа да го закопа одвоено од остатокот од семејството.
Француските медиуми тогаш објавија дека таткото и синот биле видени на заедничка вечера на 4 април. По убиствата кои злобно ги прикриваше и писмата за неговата фантазија да биде таен агент, Ксавиер си „купи време“ и го напушти градот за никој да не се посомнева што направил. Последен пат беше виден во Рокбрун-сур-Аргенс, каде што беил снимен од камерата како го напушта хотелот, зема работи од својот автомобил и како оди кон планините.
Фото:yotutube