МИТОВИ ЗА НЕВЕРСТВОТО: Дали со ова и вие се сложувате?
Мажите изневеруваат повеќе од жените
Сè повеќе жени ги изневеруваат своите партнери и ако се генерализира, мажите и жените изневеруваат подеднакво често. Една од причините поради кои почесто слушаме за неверства од мажи е тоа што жените поумешно успеваат да ја сокријат изневерата.
Луѓето изневеруваат затоа што не се среќни во врската
Дури и најздравите и најуспешни врски не се имуни на неверството. Луѓето изневеруваат од различни причини. Некои затоа што се себични, незрели или затоа што бараат повеќе возбуда, други пак затоа што бараат нешто што не го добиваат во врската.
Ако изневерувал во минатото, ќе го направи тоа пак
Ако вашиот партнер ги изневерувал сите свои поранешни партнерки, многу е голема веројатноста да ве изневери и вас. Експертите сметаат дека шансите повторно да изневери се зголемуваат ако во минатото успешно изневерувал без да биде фатен. Но, има и такви луѓе кои научиле колкава штета прави неверството. Доколку некоја негова значајна врска се распаднала поради неверство, тој добро знае кои се последиците, па најверојатно нема да се осмели да ја направи истата грешка по втор пат.
Ниту една врска не може да продолжи по неверство
Да, неверството ја урива врската, бидејќи ги разнишува темелите врз кои се гради секоја врска, т.е. ја убива довербата. Но, тоа не значи дека врската не може повторно да биде изградена.
Сеедно е дали неверството траело една ноќ или подолг период
И еднократното неверство ја руши довербата во врската, но ако аферата трае подолг период, се вложуваат повеќе чувства. Многу полошо е ако неверството е повеќекратно, затоа што така се создава и емотивна интимност.