Млада мајка се прашува дали бабите и свекрвите треба да го слават Денот на мајката

Денес во светото се слави Денот на мајката. Додека повеќето мајки очекуваат букет или појадок во кревет, други се под стрес бидејќи не знаат како да го поминат Денот на мајката. ТикТокерката Бејли Мекферсон им се обрати на своите следбеници за да дознае кој е правилниот протокол за прославување на Денот на мајката. Имено, таа се прашува кој треба да биде во фокусот кога во семејството има повеќе мајки.

„Денот на мајката ми е чуден бидејќи се очекува да го славам со свекрва ми. Се очекува да го прославам и со сопствената мајка, а од друга страна и јас сум мајка“, вели таа.

Во дискусијата се вклучија голем број жени.

„Кога ќе станеш мајка, го поминуваш факелот. Нам ни е редот“, пишува една мајка.

„Мислам дека треба да се слави мајката која е во најактивната фаза на мајчинството“, вели друга.

@bmcpher Lmk  #momsoftiktok #fyp #mothersday original sound - Bailey

„Не сакам да одам во нечија куќа и да славам со некого. Сакам да излезам, да прошетам, да си направам маникир, да пијам чаша шампањ, можеби и само да шопингувам. Тоа е мојата идеја за Денот на мајката“, додава трета.

Подоцна Мекферсон за порталотScary Mommy откри дека таа всушност го поминува Денот на мајката правејќи што сака.

„Секако, не ги заборавам мајка ми и свекрвата. Тие секогаш добиваат подарок“, додаде таа.


Фото и Видео: ТикТок