МНОГУ АГЕНЦИИ НЕ ЈА РАБОТАТ ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА: Евтино за Германците, скапо за нас

Многу македонски агенции не ја работат Хрватска како дестинација за одмор, или пак доколку нудат аранжмани интересот е многу слаб.

Велат дека причини за ваквата состојба има повеќе, но првенствено се премислуваат поради далечината, но и високата цена. Многу македонски граѓани не можат да си дозволат да летуваат во Хрватска, а за сметка на тоа ја бираат Грција, поради евтините цени и близината.

„На прсти се бројат агенциите кои ја работат Хрватска, оние кои имаат склучено договори. Интересот е многу слаб последните години. Хрватска е пребукирана од туристи од други земји. За нашите граѓани исто така е многу скапа и затоа ја избегнуваат“, велат од скопска агенција.

Од струмичка агенција велат дека струмичани, Хрватска ретко ја избираат за одмор, а популарни се Крф, Тасос, но годинава има интерес и за Хургада.

„Во Хрватска цените се високи, а ништо посебно не нудат во хотелите, и плус многу работи се доплаќаат, дали ќе е тоа игралиште во самиот хотел или нешто друго. Оние кои оделе во апартмани не се многу задоволни од љубезноста, плус далеку е, и кога сите фактори ќе се сумираат интересот за летување е мал. Семејните луѓе ја бираат Грција поради близината, цените и поради топлата вода“, додаваат од оваа агенција.

Целиот текст прочитајте го на ФАКТОР.МК