Многу го посакувала, но сестра ѝ ја спречила: Емина Јаховиќ откри детаљ од приватниот живот
Пејачката Емина
Јаховиќ јавно пласира детали од приватниот живот, а сега реши да сподели со
сите нешто за кое молчела
со години.
Емина била врзана за нејзиниот дедо, кого го изгубила растејќи, па го откри она што го имала на ум по неговата смрт.
- Мојот прв албум беше посветен на него. Неговото име беше Адем. Сакав да му го дадам тоа име на мојот син Јавуз, а потоа сестра ми се породи девет месеци пред мене и го зеде како второ име за нејзиниот син. Тогаш реков, се сеќавам: „О, Боже, зар е возможно“ - започна Јаховиќ.
- После тоа се случи и друго, мојот брат успеа да му го даде на синот тоа име. Тогаш реков: "Па, добро, зошто не го сторив јас тоа?" Тој се роди по Јавуз. Се боревме да имаме дел од неговата енергија. Ни остави многу убава карма - додаде пејачката за „Среќна“, која со години не живее во родната Србија.
Можеби ќе ве интересира:
За една година променила 30 дадилки: Емина Јаховиќ откри детали за една од нив