Многу предизвици, падови, качувања, две златни деца, дом: Маја Кикириткова емотивно за шест години брак

Познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова и нејзиниот сопруг вчера прославија шест години брак. 

По тој повод на социјалните мрежи, дизајнерката објави фотографии од свадбата и напиша емотивна посвета.

„Вака пред 4 години, уште две претходно заедно.
За 6 години поминати заедно, многу предизвици, падови, качувања, две златни деца, дом…
Уште многу има пред нас и секој 19.08 ќе го славам како еден нов почеток“ - напиша до фотографиите Кикириткова.


Маја и Александар имаа раскошна свадба, свадбениот танц го одиграа инспирирани од познатиот филмски хит „Големиот Гетсби“.

Кикириткова во својата кариера има дизајнирано многу невестински фустани, но за својот таа целосно се посветила за да изгледа беспрекорно на свадбената ноќ за што сведочат впрочем и фотографиите. Тесната венчаница која ја истакна нејзината линија е изработена од бел вез, што остава посебен впечаток на уникатност.

Познатата модна дизајнерка во последниве години на модната сцена е активна со брендот „ЕЛЕАЗАР“,  а од минатото лето и со персонализирани рачно изработени меки кукли-животни, облечени во исто дизајнерско парче облека како аутфитот на детето - наречени „Совршен пар“.

Оваа нова модна етапа од нејзиниот живот е секако инспирирана од нејзините две деца кои ги има со сопругот Александар Трајковски, синот Лазар и ќерката Ева.