„Многу рано ми замина...7 години, како седум животи без тебе мамо“: Биба Додева емотивна за нејзината почината мајка
Македонската пејачка Биба Додева на Инстаграм објави фотографија со својата почината мајка Олгица и емотивна порака со која ја одбележа седум години од нејзината смрт.
„Зошто сум дел од тебе. Зошто си дел од мене. Зошто некогаш ми беше цел свет. Многу рано ми замина...7 години, како седум животи без тебе мамо“, напиша Биба.
Биба која е претседателка на здружението „Борка“ во една прилика за Женски магазин, раскажа дека дека песната „Како некогаш“ со која победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид-фест – Охридски трубадури“.
„Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам албум да правам, сакам таа да ми ги пишува текстовите. Од време на време се гледавме, се дружевме, таа знае да нѐ поддржи со нашите активности со „Борка“. Кога требаше да пеам на фестивалот, Дојчин ми ја отсвире музиката, и мене ме болеше кога ја слушав. Ме праша: Баце, имаш ли текст? Немам, но знам кој ќе ми го направи. Тоа треба да бидат зборови кои ќе ми ми се откинат од душата, и тоа исто како јас да сум го кажала може да го направи само Ана“, ни раскажа Биба за песната.
Фото: Инстаграм