Многу жени лудуваа по Сајко од „Операција Трујумф“, а тој со години е во брак со жената што ја запозна на натпреварувањето: Денеска не пее и изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Публиката го запозна Никола Сариќ Сајко во 2008-ма година, кога се натпреваруваше во „Операција триумф“
Пејачот ги освои срцата на публиката, а особено го сакаше женскиот пол. Но, неговото срце го освои Милица Церовиќ, 10 години постарата кореографка, која беше задолжена да работи со натпреварувачите во „Операција триумф“.
Многумина му предвидуваа успешна музичка кариера, но Сајко во меѓувреме се повлече од естрадата и се посвети на угостителството.
„Почнав да водам кафуле со пријател, потоа друго и сега трето, што е повеќе клуб и сфатив дека ми е поисплатливо од музиката“, изјави Сајко пред неколку години, а потоа додаде:
„Мојот живот изгледа како кафански и музички надвор од медиумите. Свирам доста често, но не пеам. Тоа ми одговара, помалку стрес и помалку размислување. Не размислувам за враќање во јавниот живот, не би снимал ништо ново, добро ми е вака. Само што наполнив 30 години, па можеби ќе се предомислам. Се слушам од моите колеги од „Операција Триумф“. Вукашин пред некое време ме викаше на замена. Се слушам и со Ана Бебиќ, иако се омажи и има дете, па помалку се гледаме. Сега имаме различни навики и различни обврски“, изјави претходно популарниот Сајко.
Иако многумина се сомневаа во нивната љубов, тој и Милица покажаа дека годините се само бројка. По 10 години врска се венчаа, а Сајко изјави дека „сѐ е исто освен што сега имаат бурми на рацете и една хартија во фиока“.
Сајко учествуваше и на манифестацијата „Фарма 2“, а со ОТ бендот, кој покрај него го сочинуваа Вукашин Брајиќ и Никола Пауновиќ, учествуваше и на Беовизија во 2009-та.
Извор: nova.rs