Многумина сакаа да ја спречат нивната љубов поради разликата од 14 години: Оваа поранешна мисица е сопруга на хрватскиот фудбалер Марко Ливаја

Добивај вести на Viber

Хрватската фудбалска репрезентација го совлада Бразил и постигна голем успех со пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а веечрва ја игра својата полуфинална средба со репрезентацијата на Аргентина.

Еден од хрватските репрезентативци кои се заслужни за големиот успех е 29-годишниот фудбалер Марко Ливаја .

Роден е во Сплит, каде моментално настапува за ФК „Хајдук Сплит“, а најголема поддршка и голема заслуга за неговиот успех секако има неговата сопруга, која е 14 години постара од него и мајка на неговите две деца, Ирис Рајчиќ.

View this post on Instagram

A post shared by (@riril33)


Поранешната хрватска манекенка и мисица која има 43 години е една од ретките сопруги на хрватските репрезентативци кои не отишле во Катар да ги поддржат своите сопрузи, но тоа не ја спречува да го следи секој натпревар од родниот Сплит.

На 2-ри мај 2022-ра година, Ирис и Марко се венчаа во мала црква во Сплит, и го кажаа судбоносното „да“ по осум години врска и две деца, ќерката Елизабет и синот Лоренцо.

View this post on Instagram

A post shared by (@riril33)


Нивниот почеток не помина без проблеми, а како што призна Ирис, многумина биле против нивната врска.

„Кога првпат го запознав, си помислив - тој е малку помлад, тој пак си мислеше - таа е малку постара, а потоа кога сè започна, веќе беше доцна. Имаше луѓе кои се обидуваа на секој можен начин да ја спречат нашата љубов. Знаевме дека времето ќе биде најдобар показател и ќе ни покаже дали ќе останеме заедно. И така се покажа“

View this post on Instagram

A post shared by Marko Livaja (@livajamarko)


Многумина мислеа дека ѝ е лесно, бидејќи е „сопруга на фудбалер“

 - Знам дека некои коментираат: хм, таа е жена на фудбалер, ѝ падна секирата во мед, нели, тоа е животот, од една продавница до друга..  Ало! Жената е сè во животот на еден фудбалер, но баш сè! Ако сакате вашиот сопруг да биде 100 отсто, тогаш и сопругата мора да даде 100 отсто од себе - рече Ирис и додаде дека нивниот семеен живот во моментов е подреден по фудбалерот.

„Мојот живот, нашиот живот, моментално му е подреден. Зошто? Затоа што сè е краткотрајно. Неговата кариера ќе трае можеби шест, можеби осум години, и тоа е тоа, а потоа ќе договориме сè да биде најдобро што може. Тоа е нашата приказна, нашиот договор. Сè што можам да направам, ќе направам. И мене не ми е тешко, бидејќи тоа е мојот Марко“

View this post on Instagram

A post shared by (@riril33)


Како што еднаш призна и таа, Марко Ливаја приватно е целосно недоверлив, но и внимателен.

„Тој е непредвидлив. Никогаш нема да можете да го прочитате. Марко не зборува многу, работи. Тој има свој начин во семејството и во најблискиот круг на пријатели; таму ќе се отвори, ќе биде поопуштен, а секаде на друго место ќе го гледате со многу трпение, со многу почит кон сите. Тој е исто така полн со изненадувања и многу внимателен. Мојот Марко е емоција во движење “


Извор: glossy.espreso.co.rs