МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ИЛИ МОЛИВ: Децата ќе имаат сериозен проблем со пишувањето во школо!
Повеќе не е необично да се видат сосема мали деца како вешто ги користат телефоните на нивните родители, но не е ниту редок случај и да имаат свои, за да биде уште полошо.
Меѓутоа, кога тргнат во школо-ниту имаат сила ниту пак знаат како правилно да го држат моливот во рака.
Користењето на "touch screen" уреди довело до тоа децата да ги изгубат фините моторички способности, предупредуваат експертите.
-Децата во прво одделение добиваат молив во рака, но се повеќе од нив не се во состојба правилно да го држат бидејќи им недостигаат фини моторички вештини-вели др. Сели Пејн, терапевт од Лондон.
-За да бидете во состојба да земете молив, цврсто да го држите и правило да го користите, потребна ви е добра контрола на фини мускулни дланки, а на децата денес повеќе не им пружаме прилика тие вештини да ги развиваат-објаснува таа.
Денес на родителите, па и на воспитувачките, им е полесно да им дадат таблет на децата, отколку да им посветат време и да им дадат нешто што ќе го поттикне развојот на фина моторика, како што е сложување ситни коцки, сечење хартија со ножички, лепење, боење и слично, предупредува др. Пејн.