Модата на People's choice awards 2020: Што носеа познатите на црвениот тепих

Добивај вести на Viber

Канал Е! и оваа година им оддаде почит на големите имиња од светот на шоу-бизнисот - синоќа се одржа церемонијата на Наградите oд народот (People's choice awards 2020), на која публиката им додели награди на најдобрите за 2020 година.
Наградата „Икона на 2020 година“ ја доби Џенифер Лопез.
Познатата пејачка кога излезе да го прими признанието, заплача, кога во еден момент ги виде своите деца на големото платно на сцената и не можеше да ги запре солзите.

Меѓу добитниците оваа година се и Вил Смит (Награда за машки филмски ѕвезди), Клои Кардашијан (Награда за ријалити ѕвезда на годината), Џастин Бибер (Награда за машки изведувач на годината). Пејачката Аријана Гранде освои дури две награди - за женски изведувач на годината, како и награда во категоријата „Социјални славни“.

Церемонија на доделување на наградите Е! People's choice awards 2020, беа пренесувани во живо од Баркер Хангар, во Санта Моника, Калифорнија, а шоуто го водеше Деми Ловато, која се појави во неколку модни комбинации.
А ова се сите модните изданија на ѕвездите: