Моден гигант ги затвора продавниците ширум светот, илјадници остануваат без работа

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите синџири на стоковни продавници, британскиот Marks & Spencer планира до крајот на 2022 година да затвори дури 100 свои продавници.

Само оваа година, клуч ќе стави на 14 од нив, а во тој бран без работа ќе останат 600 луѓе.

Marks & Spencer во последните години се бори со се помал број на купувачи во нивните физички продавници и се поголема онлајн продажба. Според проекциите, добивката на компанијата пред оданочување оваа година би требало да изнесува околу 573 милиони фунти, што е пад во однос на скоро 614 милиони лани, а со тоа продолжува трендот на пад на профитот .

Раководството затоа сака да елиминира дури 25 отсто од просторот наменет за продажба на облека и домаќински работи.

Компанијата пред две години најави кратење на трошоџите и делење откази.