Актуелно // Insta вести
Моден погодок со сите нишани - елегантно и сексапилно: Александра Јанева со сопругот во ова издание ги собраа сите лајкови на Инстаграм
Моден погодок за Александра Јанева и нејзиниот сопруг Иван. Парот како вистински холивудски ѕвезди во модна комбинација за чиста петка.
Пејачката одбрала долг струкиран фустан со корсет, со бела основа, а на него нанжани монистра во златна, зелена, тиркизна и црна боја, кој остава впечаток на морски бранови.
Додека нејзиниот сопруг Иван одбрал класичен црн костум со вратоврска во зелено-тиркизен дезен кој одговара на фустанот на Александра.
Ваквиот моден погодок на парот бил по повод свадба на која тие биле кумови.
Инаку, пејачката минатиот месец направи свадба во нејзината родна Струмица, а таа беше невеста како од бајките.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Свадба прави пејачката Александра Јанева: Посебна е, за нејзиниот најпосебен ден во животот (ФОТО)