Моден тренд на кој некогаш се потсмевавме, сега стана најпопуларен: Чорапите со сандали ќе владеат ова лето (ФОТО)
Иако многумина гледаат на комбинацијата на чорапи и сандали со неодобрување, модните куќи го препорачуваат токму тоа за оваа летна сезона. Овој стил е прифатен и од многу sвезди.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи и колекциите на модни брендови, чорапите што ќе се носат со отворени сандали ќе бидат хит ова лето.
Многумина од нас ја гледаат оваа комбинација со потсмев и повеќето ја поврзуваат со чешки туристи, кои често носат чорапи со сандали, но сега веќе не е само модна „аномалија“.
Имено, многу водечки светски модни брендови, како Гучи, Прада, Диор и Фенди, вклучија токму таков стил во своите колекции.
Многу sвезди го следеа примерот, па пејачката Ријана, манекенката Кендал Џенер и актерката Софи Тарнер искомбинираа чорапи со сандали.
Дали ова значи дека сега многу македонски мажи и жени ќе почнат да носат сандали со чорапи, останува да видиме, но едно е сигурно, Чесите ќе бидат во тренд оваа сезона каде и да се појават.