Моден трик: како да носите рамни чевли ако сте ниска девојка
Признаваме дека сандалите со висока потпетица се елегантни, женствени и дека нашата фигура ја прават поубава, но понекогаш едноставно сакаме денот да го поминеме во удобни рамни сандали или балетанки.
Доколку сте девојка со низок раст и не сте баш задоволни од својата висина, можеби мислите дека најдобро изгледате само во чевли со висока штикла. Но, тоа воопшто не е точно. Ако комбинирате рамни чевли на вистинскиот начин, можете оптички да изгледате повисоки.
Моден трик? Скратете ги панталоните или носете подвиткани ногавици за да ги откриете зглобовите.
Можеби изгледа контрадикторно, но кога ги „скратите“ панталоните, создавате илузија дека панталоните се „премногу кратки“ за вашите долги нозе. Покрај тоа, зглобот е најдолг дел од вашето тело и одличен е за прикажување.