Модната формула на Џенифер Анистон, кралица на минимализмот: Од што не се откажува, а што никогаш не би носела

Добивај вести на Viber

Актерката Џенифер Анистон која неодамна наполни 51 година, е скоро секогаш на листата на најдобро облечени жени во Холивуд.

Иако модните комбинации што ги носи нашата ТВ-хероина Рејчел Грин од „Пријатели“ и денес се уште се огромен хит, со оглед на големото враќање на 90-тите години на модната сцена, Џенифер вели дека не може да иподнесе две работи од тој период.

- Очилата за сонце како оние на Матрикс со тесни рамки или ленонки во никој случај не се мој стил и јас никогаш не би ги носела. Како и руменило во темни тонови. Не ми се допаѓа тоа- открива актерка која претпочита дискретна шминка.

Иако нејзините модни критичари понекогаш ја навредуваат за стилската „безбедност“, Анистон има своја модна формула на која ѝ е верна со години, па токму затоа е модна икона во Холивуд.

Убавата русокоса претпочита класични модели кои не подлежат на модните трендови, а нејзиниот стил е класика која вклучува многу неутрални бои и женски форми кои ѝ ласкаат на фигурата без претерано играње на картата за сексапил.

Познатата актерка не сака трендовски парчиња и претпочита да користи докажани комбинации кои совршено одговараат на нејзината фигура.

И покрај доминацијата на најбараните модели на тесни фармерки, Џенифер со години го носи својот омилен модел широки фармерки затоа што изгледа добро и во нив се чувствува одлично.

Анистон во својата гардероба има и класични јакни и сакоа кои му даваат на секој стајлинг допир на софистицираност и изгледаат одлично со фармерки и патики.

Атрактивната актерка е добро позната по љубовта кон црните фустани, кои обожава да ги носи на црвениот тепих, а исто така сака кожени парчиња. Секако црна кожа, бидејќи е една од омилените бои на Анистон.

Актерката никогаш нема да ја видиме како носи облека со впечатливи бои и обично се држи до неутрални нијанси како бела, беж, темно сина или сива боја.

Не помалку успешни се нејзините вечерни и елегантни комбинации.

Иако никој не би ѝ дал 51 година, Џенифер воопшто не ја мачи стареењето.

- Мислам дека светот на модата треба да мисли не само на 20-годишните, туку и на луѓето од сите возрасти- изјави таа.