Моден фокус // Трендови
МОДНИ БЛИЗНАЧКИ: Откриено е чиј стил копира Меган Маркл
Меган Маркл, Војвотката од Сасекс, отворено откри дека нејзиниот идол на убавина е никој друг освен Одри Хепберн. Толку многу што Војвотката побара од нејзината козметичарка да и ги обликува веѓите како оние од ѕвездата на „Појадок кај Тифани“.
Меѓутоа, Меган, исто така, црпи од Хепберн модна инспирација, и со нејзините „аутфити“ неверојатно потсетува на неа.
Да не заборавиме дека Хепберн беше и музата на Живанши, истото ателје за кое се верува дека е омилен дизајнер и на Војвотката.
Погледнете ги сите „аутфити“ кога Меган била модна близначка на својот идол Одри Хепберн.