Модни овации за госпоѓа Макрон: Брижит во најсофистицираното издание кое е пример за француска ношалантност (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Во неделата во Франција се одржа вториот круг од парламентарните избори, а граѓанската должност ја изврши и Брижит Макрон.

Г-ѓа Макрон пристигна на гласањето во елегантно издание, што е уште еден во низата брилијантни примери на специфичен шик и лежерен изглед, незаменлив дел од стилот на сите Французинки.

Фото: Profimedia


Првата дама на Франција избра едноставно, но моќно одело во ладна светло сина боја, составено од панталони и предимензионирано сако.

Познатата 69-годишна дама носеше квалитетна бела кошула со руска јака и златни копчиња под сакото, а изданието го заокружи со кожени, кафени салонки - прилично неочекуван избор на нијанса за чевли, но сепак на вистински начин ја зачини оваа комбинација.

Фото: Profimedia


Брижит секогаш инсистира на минимализам, па и овој пат не носеше многу накит - само ефективни прстени и големи, црни очила за сонце. Дали ви се допаѓа ова нејзино издание?


Извор: zena.blic.rs