Модни трендови за зима 2019/2020

Добивај вести на Viber

Црвената шминка е хит оваа сезона, а меѓу облеката ...

Светски познатите дизајнери веќе ги претставија најновите модни трендови.

Тие претставија неколку нови дополнувања, неколку стилови и бои, а другите трендови ќе продолжат да бидат хит оваа сезона.


Облека

Оваа година разгледавме неонски нијанси, така што е време за нешто поразлично. Во зима 2019/2020 година ќе уживаме во циклама бојата во цела своја слава и во сите нејзини нијанси - во здолништа, фустани, џемпери и јакни.


Модерната должина:

Ако не сте доволно смели за цикламен капут, уживајте во топла надворешна облека во графитни сиви нијанси или јакна во слатка светло сина боја.

Единствениот услов за сезоната 2019/2020 е јакната или капутот да биде над или под коленото.


Бежова боја:

Една од главните одлики на надворешната облека е бежовата боја.

Носете топол капут или крзнено палто во оваа боја и ќе бидете трендовски облечени.

Боди блузи:

Во 2019 година боди-блузите ги заменија маиците, а овој тренд опстојува и во зима, што е одлично, затоа што сигурно нашата половината нема да страда и ќе биде затоплена. Но, и линијата на половината е совршено дефинирана.


Големи плетки:

Дебелите плетени џемпери ќе го украсат вашиот аутфит и ќе ве загреат.

Кратка, оверсајз, долга, со јака од крзно, во било која варијанта, џемпер со голема плетка е тренд кој ќе се носи во зима 2019/2020 - уживајте во удобноста што ја создаваат.


Додатоци

Големи ѓердани:

Зимава големите ѓердани се тренд. Во жолта или сребрена боја - зависи од индивидуалниот вкус. Интересни во комбинација со плетени џемпери и елегантни фустани од волна.


Дијадема:

Тијарите се кралици на додатоците оваа сезона - во сите бои, најважно е да бидат обемни и видливи од далеку.


Чизми со анимал принт:

Анимал принтот е  водечки тренд кај зимските обувки. Смело, зарем не?


Квадратни ташни:

Средните и помалите квадратни ташни ќе ги украсуваат нашите зимски облеки во смели бои.


Шминка и фризури

Во зима, црвениот кармин е тренд број еден сезонава. Црвениот кармин доминира.

Секако, ќе видиме сезонава и „смоуки“ нашминкани очи, претежно во вечерните часови..

Во зима, ќе се обидеме да создадеме илузија на посвежа кожа и природен изглед во студените температури, па затоа се претпочита сјај во поладни нијанси отколку златни.

Кога станува збор за коса - црвените нијанси се избор број еден на светските модни дизајнери.