Актуелно // Insta вести
Модно усогласени: Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ главни ѕвезди на премиерата во Љубљана (ФОТО)
- 07 Февруари, 2023
Во Љубљана синоќа се одржа премиерата на филмот „Nekaj sladkega“ („Нешто слатко“) во кои главните улоги ги имаат македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ.
Двајцата пристигнаа заедно на црвениот тепих, модно усогласени во елегантна црна боја.
Имено Сашко носеше класичен црн смокинг, додека пак Јелена избра модна креација составена од елек и широки панталони. Она што беше интересно е што нејзиниот моден избор беше надополнет со очила за сонце.