Моето дете изгледа нормално со капа, но кога ќе ја извади, сите гледаат во него: Само 100 луѓе во светот имаат ваква коса (ФОТО)

Кога малиот Лохлан Семплс имал осум месеци, на неговите родители Кејт и Кејлеб им било многу јасно дека тој не е обично момче... И сето тоа поради неговата крајно необична фризура! Имено, ова мало момче имало огромна светлоруса, нескротлива коса која постојано изгледала како да е под влијание на силен ветер.

Кејт за медиумите изјави дека ја сака непослушната, „дива“ коса на нејзиниот син, но знаела дека тоа не е вообичаено. Во тоа се уверила со случајна порака од жена која на Инстаграм ја прашала дали нејзиниот син има UHS синдром, односно синдром на „нечешлана“ коса.

View this post on Instagram

A post shared by Locklan Samples (@uncombable_locks)


Оваа порака ја заинтригирала Кејт, која го однела синот кај педијатар, каде набрзо било утврдено дека момчето навистина го има ова ретко генетско нарушување кое се карактеризира со исклучително лесна, мека коса која секогаш изгледа „наелектиризирано“. Состојбата е толку ретка што Локлан е всушност само еден од 100-те познати случаи ширум светот.

„Нема други здравствени проблеми или тегоби. Ослободени сме. Мислиме дека ако нашето дете мора да има ретко генетско нарушување, нека е тоа „луда“ коса“- велат Семплс.

View this post on Instagram

A post shared by Locklan Samples (@uncombable_locks)


Кејт објаснила и дека синот го чешла само повремено, и дека нема некој посебен начин на одржување на неговата коса: „Не се ни сеќавам кога последен пат сум му ја измила косата. Не се валка, ниту мрси, мека е и може да биде кршлива“.

„Моето бебе го споредуваат со Ајнштајн“

Кејт рекла и дека речиси без исклучок луѓето реагираат на косата на Локлан, а коментарите се секогаш позитивни.

„Тој ги прави луѓето среќни. Ја сакаат неговата коса, љубопитни се, сакаат да ја допрат. Тоа е секогаш прашањето број еден што го добивам", вели оваа мајка.

View this post on Instagram

A post shared by Locklan Samples (@uncombable_locks)


Таа додала дека својот син го нарекува „глуварче“, но и Локлан го споредуваат со некои интересни луѓе.

„Често го споредуваат со Доналд Трамп или Борис Џонсон. Велат и дека наликува на Ајнштајн, а го нарекуваат и „бебето на Били Ајдол“, вели Кејт.

Извор: zena.blic.rs