Моето дете не јаде чоколадо
Пред некој ден ни дојдоа соседите на гости. Имаат прекрасно момче со бадемови очи.
Нашата идеја беше, бидејќи веќе живееме неколку куќи подалеку еден од друг, нашите деца да се запознаат, а подоцна можеби и да се дружат. Разликата меѓу двете е 3 месеци. Нивниот е постар. Моето момче е навикнато на браќата и сестрите со кои редовно се гледа и има воспоставено некаков однос со нив. Сакав да видам како ќе реагира на други деца и како и да ги прифати, да бидат во неговиот живот.
И така ги поканивме на кафе едно попладне. Толку слатко семејство. Хармонично.
И знаете како одат тие приказни? И што јаде? А кога оди да спие? А кога станува? Дали шетате два пати на ден? Дали го доиш? Што правите по цел ден? И така до бесконечност.
Знаете, јас сум мајка, но сепак имам мозок. Сè уште сакам да читам книги и да гледам филмови. Без Интернет, мојот живот речиси нема смисла. Освен пелени, ме интересира и шминка, а сакам понекогаш да се напијам и чашка алкохол со другарка ми. Пред сè сакам да поминувам време со маж ми кога детето ми спие, бидејќи јас сум уште жена.
Одговорив на сите прашања. Поставив и јас неколку, ради ред. А потоа извадија чоколада и му ја дадоа на моето момче. Велам благодарам и дека не јаде чоколада. Како некој да ги поли со кофа ладна вода. Не им се веруваше. Како така? Не му дозволив да проба ни коцка? Каква вештерка сум.
Навистина мислам дека не му одземав ништо на моето дете со тоа што не му дадов чоколада. Ја не сакам и нема да ја забранам. Ако не ја јаде дома, ќе ја јаде на друго место. Само сакам да ја одложам храната што не е здрава за него. Сè уште не пробал многу работи. Има само 13 месеци. Зошто му е чоколада? Зошто му се чоколада, медолино, сладолед, чипс, смоки...?
Наместо тоа, добива јаболко, банана, домашен сок од цреша, кој баба го правеше од нашите цреши од градината. Како тоа никој не прашува дали да му давам да грицка морков?
Нашите деца сега стекнуваат здрави навики во исхраната. Ако ги научиме да јадат глупости, ќе ги јадат цел живот. Празни калории, полни со шеќер. Треба да се научат да јадат овошје и зеленчук. Треба да се научат да сакаат овошје и зеленчук.
Сакам само кога ќе ставам јаболко и чоколадо на масата за моето момче, тој да го избере јаболкото и да го изеде цело, со сласт.
Извор: najboljamamanasvetu.com