„Моја љубов засекогаш“: Гоца Тржан со емотивна порака за сопругот
Иако пред три
години се венчаа во црква, Гоца и Раша се заедно тринаесет години и нивната
љубов е иста како и првиот ден и покрај големата разлика во години, која
никогаш не им била пречка.
Гоца Тржан на
социјалните мрежи сподели две прекрасни фотографии, а причината за тоа се 13
години љубов со нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ.
Таа објави и емотивни зборови, кои воодушевија многумина.
- 13 не е среќен број, но овие 13 години со тебе ми ја донесоа најголемата среќа што не можев ни да ја замислам. Љубовта е како сила, колку повеќе се трошиш, даваш, споделуваш, толку повеќе имаш. Ти си мојата љубов засекогаш. Те сакам како само исполнета и задоволна жена може и знае да сака. Затоа што ти ја исполни и ја задоволи секоја моја идеја за тоа како треба да изгледа врската помеѓу маж и жена. Вечноста ни е прекратка – напишала Гоца.
Фото: Инстаграм