„Мојата жена ја роди нашата ќерка пред 3 месеци, сега ја даваме на посвојување: „Ја сакаме, но вака е подобро за сите, без дете можам, без сопругата не“

Добивај вести на Viber

Велат секој има право на мислење и да си го води животот како што сака и како што му годи, но постапките на одредени луѓе честопати се шокантни и општествено неприфатливи. Еден пар неодамна ја сподели својата контроверзна одлука на Редит, барајќи поддршка, но наиде на најмногу осуди и критики.

Имено, сопружниците, кои сакале да останат анонимни, го дале своето тримесечно бебе на посвојување бидејќи откриле дека детето „не се вклопува во нивниот животен стил“. Мајката се вратила на работа само две недели по породувањето, сфаќајќи дека „не е заинтересирана за бебето“.

Таткото објасни дека и тој и неговата сопруга се „воркохоличари“ и дека работата им е приоритет. Тој исто така изјавил дека присуството на нивната ќерка во нивниот живот ја натерало неговата сопруга да се чувствува „мизерно“. Отпрвин, неговата свекрва ги презела обврските на малата Елизабета, но неговата сопруга сепак била незадоволна - таа имала контакт со бебето само ако нешто му требало на девојчето и избегнувала што повеќе да го земе, дури и кога плачело, пренесува „Мирор“.

На крајот решиле да ја дадат својата тримесечна ќерка на посвојување, бидејќи и двајцата се согласиле дека се презафатени за да се грижат за неа. Со одлуката не се согласила бабата, односно мајката на оваа жена, па на крајот сакала да го посвои девојчето.

„Можам да го замислам животот без ќерка ми, но тешко ми е да го замислам животот без мојата сопруга. Ја сакам ќерка ми, не ме сфаќајте погрешно и да ја дадам на посвојување не би бил лесен потег. Но, ако ја задржиме, тоа ќе продолжи да ја прави мојата сопруга ужасно несреќна. Она што на крајот го сакам е најдобрата опција за нив две и искрено мислам дека тоа е најдобрата опција за сите нас“, напиша овој татко.

Корисниците на Редит беа запрепастени од ова признание, а многумина ги окарактеризираа овие новопечени родители како „бездушни“ и ги опсипуваа со критики и навреди.

„Го третирате напуштањето на вашето дете како трансакциска размена меѓу две страни“, „Звучите како да сте роботи или вонземјани кои пробуваат како е да се живее како човек. Кој има здрав ум прави дете и потоа само вели: Па, ова не е за нас“, „Јас бев планирано дете кое секогаш беше запоставено и до ден-денес сум збунета што воопшто размислуваше мајка ми кога ме роди. Нејзиното отсуство на каење ме збунува. Имав повеќе емоции кон кучињата што ги хранев неколку дена, отколку таа кон мене“, се само дел од бројните коментари.

Дали имате разбирање за таков чин?


ФОТО: Фрипик

Извор: zena.blic.rs