„Мојот син има 5 години и уште го дојам - ќе ви кажам зошто“

Лорен е контроверзна мајка.

Мајка на две деца од Австралија, Лорен Меклаод, на социјалните мрежи ги опишува своите искуства со доењето на две деца.

29-годишната девојка се соочи со критики за тоа што сè уште го дои својот петгодишен син Боуви, многу повеќе од она што се смета за „нормална“ временска рамка за доење.

Ја нарекуваат дури и „болна“ и „силеџија“ - и таа тврди дека тоа е поради дезинформации и заблуди за доењето.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren McLeod  Perth Doula (@the.lauren.mcleod)



Лорен вели дека бидејќи женските гради во модерното време се хиперсексуализирани, многумина забораваат на вистинската цел на тој дел од телото - да ги хранат децата.

„Го кажав тоа претходно и ќе го кажам уште милион пати, луѓето се биолошки дизајнирани да се одвикнуваат од градите на возраст од две до седум години“, рече Лорен.

„Ме нарекуваа болна, ми велеа дека сум одвратна, чудна, себична, дека ги малтретирам децата“, продолжува Лорен.

„Доењето петгодишно дете можеби не е вообичаено во денешното општество, но во тоа нема ништо „чудно“ или „одвратно“. Буквално само го хранам и го тешам своето дете. Градите можат да бидат сексуални и тоа е во ред, но доењето е многу одвоено од тоа. Тоа што луѓето ги поврзуваат двете ми е чудно. Не знам зошто би сексуализирале таков природен чин меѓу мајката и детето“, додава таа.

Лорен вели дека иако не планирала да го дои својот син пет години, тоа едноставно било најдобро за нивното родителско патување.



„Кога го добив Боуви, мислев дека ќе го дојам до две години. Мислев, добро, тоа е препораката на Светската здравствена организација, па можеби и јас треба да го направам истото. Но, годините минуваа, тоа беше позитивно искуство, па продолживме понатаму. Немав никакви проблеми и не чувствував притисок да престанам наеднаш“.

Мајката објасни дека има многу придобивки од доењето, како за неа, така и за нејзиното дете.

„Млекото е полно со антитела и хранливи материи. Тоа е навистина одлично за неговиот развој на мозокот. Има некои убави придобивки и за мене, бидејќи го намалува ризикот од некои видови рак и се ослободува окситоцин секогаш кога доите“, тврди таа. Лорен вели дека ќе му дозволи на Боуви да се одвикне кога ќе биде вистинското време.

„Во овој момент, јас сум сосема добро со тоа што Боуви продолжува да дои онолку долго колку што е потребно. Во моментов дои еднаш дневно, непосредно пред спиење. Тоа може да се промени, но засега функционира кај нас. Секогаш велам, размислувате само за следното доење“, заклучува таа.


Foto: Instagram / the.lauren.mcleod