МОЌЕН РЕЦЕПТ: Убијте ја желбата за цигари

Добивај вести на Viber

Секоја испушена цигара го скратува животот за околу 14 минути, а на лицата кои се во близина на лица кои пушат цигари им се скратува за 5 минути. Пушачите се изложени на ризик од срцеви болести, болести на крвните садови, како и мозочни удари.

Еве ви рецепт кој ќе ве одврати од цигарите.  Потребно ви е грејпфрут, портокал, 2 децилитри чај од камилица, 30 грама масло од јојоба, 30 грама кокосово масло, 5 грама оригано. 

Исцедете ги грејпфрутот и портокалот. Во сад измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ја смесата во сад кој ќе можете да го носите со себе. Нанесете ја мешавината под нос, само ставете неколку капки на вата и вдишувајте секогаш кога ќе добиете потреба за цигара.