Моќна билка: Ја подобрува меморијата и расположението

Добивај вести на Viber

Обично го додавате како зачин во разни јадења или како додаток на чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое на многу начини помага на физичкото и менталното здравје.

Бројни студии покажаа дека рузмаринот не е само зачин, туку суперхрана која има бројни лековити својства, пишува Mind Body Green.

Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишуваше за него во Хамлет.

Дури и денес, се верува дека рузмаринот помага во меморијата, но некои истражувања сугерираат дека има и позитивен ефект врз подобро расположение и нивоата на стрес.

Го подобрува расположението

Во студија од 2018 година, на глувци во лабораторија кои биле под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и откриле дека тој делува антидепресивно.

Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага да се ублажат воспалителните процеси во областа на мозокот наречена хипокампус, но и во цревата.

Иако се‘ уште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.

Рузмарин влијае на ендоканабиноидниот систем

Тоа е главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на комуникација на нервните клетки.

Ги регулира процесите како глад, сон, воспаление, стрес, крвен притисок, метаболизам, телесна температура и многу други процеси.

Рузмаринот содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако се‘ уште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на одговорот на телото на стрес.


Фото: Profimedia

Moже да ви го упропасти дигистивниот тракт: 4 намирници кои никогаш не треба да ги јадете на празен стомак