Молчеа 30 години! Бренa и Боба открија голема тајна, ова е Јелена Живојиновиќ

Добивај вести на Viber

Тајната на Лепа Брена излезе на виделина

Една од најголемите музички ѕвезди на поранешните ЈУ простори Лепа Брена е родена како Фахрета Јахиќ, а својот познат прекар го добила во далечната 1975 година, уште во средношколските денови. За се‘ е виновен нејзиниот кошаркарски тренер, како што раскажа пејачката во документарниот филм „Лепа Брена - годините на слаткиот грев“, меѓутоа тајната на Лепа Брена дека има друго име, поточно таа информација, дури неодамна излезе во јавноста.

- Мојот сегашен прекар Брена се роди на кошаркарскиот терен. Мојот тогашен кошаркарски тренер Влада Бајер ми го даде прекарот. На тренерот му беше тешко да ми вика: „Фахрета, Фахрета!“ Играв центар или чувар. Моите колешки беа Мила, Ката... Сите кратки имиња. И ми вели: „Ќе те викам Брена“. Велам: „Која е оваа Брена?!“ Како прво, глупаво име. Мислам, од сите имиња што можеа да бидат поубави - откри пејачката еднаш и додаде:

- Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша дали имам прекар, се сетив на тој настан, и така станав Брена - раскажала фолк дивата, на која покојниот Милован Илиќ Минимакс ѝ ја додал Лепа пред Брена во 1981 година, па така и прекарот под која пејачката стана позната.

- Не ја сакав Лепа затоа што не мислев дека сум убава на тој начин - истакнала, но тајната на Лепа Брена е дека има и српско име кое го добила на крштевката.

Имено, таа е една од многуте јавни личности од српската сцена кои ја сменија верата. Од исламот, пејачката премина во православие, а на крштевката го доби името Јелена, како што истакнуваат многу локални медиуми. Брена никогаш не зборувала за причините што ја навеле на овој потег, но се придржува до сите православни правила и заедно со семејството го слави Свети Архангел Михаил.


Фото: Инстаграм

Оваа жена е царица: А ова е едно од најдобрите, најдамските нејзини изданија