Момче (5) застрелано во неговиот двор: Мислеа дека е погоден од залутан куршум, откриена е страшна вистина

Момчето било застреланo додека играл со сестрите во дворот, кога одеднаш малото момче паднало од неговиот велосипед.

Канон Хиант (5) од Северна Каролина, беше убиен минатата недела додека играше во дворот со своите две сестри. Момчето возеше велосипед во дворот и одеднаш падна, кога татко му се стрча кон него, сфати дека неговиот син е застрелан.

- Беше недела, околу 17:30 часот. Децата играа во дворот како и секој друг ден. Првото нешто што помислив беше дека тој само падна од велосипедот, но кога му пријдов, сфатив дека станува збор за нешто многу посериозно - рече неговиот татко Остин.

Сите прво помислија дека детето било погодено од залутан куршум. Детето било веднаш пренесено во болница, но наскоро им подлегнало на повредите.

Следниот ден, полицијата извршила апсење на Дариус Сосом (25), сосед на семејството Хинтан, под сомнение дека го убил детето. Причината за ова грозоморно злосторство сè уште не е позната.

- Бевме соседи цели осум години. Ноќта пред убиството, тој беше со нас на вечера. Божјата заповед вели: „Сакај го ближниот“, имавме многу храна, а јас го повикав кај нас. Седевме на тремот, дури пиевме пиво - вели татко на убиеното момче во неверување.

Остин тврди дека тој никогаш немал лош однос со уапсениот сосед.

- Никогаш немало лоша крв меѓу нас, никогаш расправија. Не знам зошто го стори тоа - вели неутешениот татко.

Осомничениот за убиство е во притвор, а деталите за ова злосторство допрва треба да бидат откриени.


извор:telegraf.rs