Момчето (14) се пожалило на главоболка, а потоа докторите му го извадиле ОВА од увото: Како влегло таму?
Побарал
помош од неговата мајка и додека ѝ објаснувал во што е проблемот,
почувствувал дека нешто се движи во неговото уво
Тинејџерот Грант Боти (14) од Арканзас имаше ужасно искуство во 2015 година кога увото почнало да го боли во текот на ноќта. Момчето се разбудило од сон од болка, а агонијата траела до утрото следниот ден. Неговиот случај буквално го шокираше светот, а ние ви пренесуваме со колку страшна дијагноза се соочи овој, тогаш, тинејџер.
Побарал помош од неговата мајка и додека ѝ објаснувал во што е проблемот, почувствувал дека нешто се движи во неговото уво. Се обидел да го извади она што го мачи, а кога видел што има во неговото тело, се шокирал.
Во неговото уво имаше стоногалка долга 10 сантиметри. Неговата мајка го ставила одвратното суштество во пластична кеса и го однела момчето во болница.
Лекарите рекоа дека никогаш не виделе нешто слично. Стоногалката предизвикала гребнатини и повреди на ушното тапанче и ушниот канал. За среќа, веднаш беше кажано дека момчето нема да има последици по оваа несреќа.
На никого не му е јасно како стоногалкатавлегла во неговото уво, но постои сомневање дека момчето го „зело“ суштеството кога одело да плива.
Фото: Profimedia
Тивко боледуваше и тивко замина: Малата Петра почина, родителите замолија без солзи, на погребот во маици со ликови од цртани филмови