Момчето (4) умирало од рак: А потоа ги отворило очите и ѝ ги кажало на мајка си зборовите што ѝ го скршиле срцето (ВИДЕО)

Момчето Нолан Скали (4) кое го обедини светот во борбата против рабдомиосаркомот, ретка форма на рак, за жал ја загуби битката.

За да ја подигне свеста за оваа страшна болест, тој се бореше против овој рак повеќе од една година, а неговата мајка Рут често зборуваше дека со својот дух, зборови и битка обединил различни култури и ги променил животите на многу луѓе ширум светот.

Рут се прости и од своето момче во шокантно писмо во кое напиша:

- Два месеци. Поминаа два месеци откако те држев во раце, слушав колку ме сакаш. Два месеци откако последно се гушкавме. Два месеци морничав апсолутен пекол. Цело време сакав да пишувам за твоите последни денови. Во деновите кога уште еднаш покажа колку си прекрасен. Колку си создаден од чиста љубов – напиша таа на својата Фејсбук страница за борбата на Нолан.

Таа сподели и две фотографии од болницата. На едната, момчето е свиткано на патеката пред болничкиот туш што ја користела Рут. Од друга е истата патека, но празна.

- Околу 9 часот гледавме цртани филмови на Јутуб и го прашав Нолан дали можам да се истуширам, бидејќи во последните неколку дена ме замоли само да го галам. Ми дозволи и го замоли вујче Крис да седне до него, а тој да гледа во бањата. Отидов и му реков:

-Погледни ме бебе мое, за две секунди сум тука, се насмеа.

Ми кажаа дека штом ја затворив вратата заспал во длабок сон и почнал да си оди... Кога ја отворив вратата, лекарите беа околу него и ми рекоа дека е во длабок сон, дека му откажуваат органите и дека повеќе не чувствува ништо. Истрчав кон креветот и му ја ставив раката на десниот образ. И тогаш се случи чудо“, пишува Рут и продолжува:

-Мојот ангел ги отвори очите, се насмевна и ми рече „Мамо, те сакам“. Почина во 11.54 додека јас шепотев „Ти си моето сонце“. Мојот син почина како херој. Тој беше воин кој почина споделувајќи љубов до последната секунда“.


Извор: Објектив рс

Фото: Фејсбук