МоМо бебињата се реткост во медицината: Учителка по втор пат родила идентични близнаци
Наставничката Британи Алба од американската сојузна држава Алабама неодамна по втор пат родила идентични близнаци, што е вистинска реткост и своевиден феномен.
Бебињата се развиле во иста плацента и имале заедничка амнионска кеса, што се јавува само кај еден процент од близначките бремености. Овие близнаци се нарекуваат моноамнионски и монохорионски близнаци или MoMo близнаци. Приказната за оваа мајка ја пренесува и „Добро утро Америка“.
Британи Алба дознала дека повторно ќе има близнаци само шест месеци по првото породување и раѓањето на синовите Лук и Леви. Прекрасната вест значеше и вознемиреност бидејќи споделувањето на плацентата и плодовата вода го зголемува ризикот од проблеми со протокот на крв кај секој близнак, но и ризикот од проблеми со папочната врвца.
Во болницата била примена во 25-та недела од бременоста и таму останала 50 дена, а во октомври 2022 година ги родила ќерките Лидија и Лаина.
Како што рекоа Британи и нејзиниот сопруг, во нивното семејство немало близначки бремености , што го направило тоа уште пошокантно за нив.
ФОТО: Инстграм screenshot