Мора да го имате: Дочекајте ја пролетта во модерен мантил во светла боја

Добивај вести на Viber

Мантилот е дефинитивно парче кое никогаш не излегува од мода, а е најактуелно во пролетниот период.

Станува збор за парче кое обележа многу модни приказни, историски филмови и секогаш остана дефиниција за елегантна и модерна дама.

Затоа за почетокот на оваа пролет ви предлагаме да го снабдите вашиот гардеробер со мантил во светла боја.

Дали ќе се одлучите за валкано бела варијанта и класичниот крој со копчиња, или пак покежуал издание, мантилот нека биде ваш заштитен знак оваа пролет.