Поради високиот процент на солта, водата во Мртвото Море е многу густа, па оневозможува пливање, а никој не може да потоне. Сепак, тоа не треба да значи дека ова место не е опасно.
Спасувачката екипа постојано ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото, затоа што поголема количина може да ја поремети рамнотежата на електролити во организмот и доведе до уништување на некои органи. Во Мртвото Море, забрането е нуркање и скокање во вода, со цел да се избегне контакт со сол на очите.
Лековитата кал од Мртвото Море ја користеа старите Египќани за балсамирање на мумиите.