Морган Фримен носеше само една ракавица на Оскарите: Откриено е што се крие зад тоа

Морган Фримен се појави на доделувањето на Оскарите за да му оддаде почит на неговиот близок пријател и колега Џин Хекман.
Хекман, кој се смета за еден од најголемите холивудски актери, беше пронајден мртов во својот дом во Санта Фе во средата, на 26 февруари, под околности кои властите ги сметаат за сомнителни.
На истото место билa пронајденa мртвa и неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава и нивното семејно куче.
Трогателно збогување од Џин Хекман
Фримен ги предводеше почестите на Оскарите, потсетувајќи се на неговата работа со Хекмен во класиката „Непростено“ од 1992 година, како и на филмот „Под сомневање“ од 2000 година.
„Индустријата изгуби голем човек“, рече Фримен, пофалувајќи ги актерските способности на Хекман. Тој речиси цело време додека траеше говорот ги држеше рацете зад грб, а присутните во еден момент забележаа дека на левата рака носи црна ракавица.
„Зошто Морган Фримен носи црна ракавица? праша едниот, а другиот додаде: „Зошто има само една ракавица? Инаку, ова не е прв пат познатиот актер да се фотографира со овој необичен моден детаљ.
Имено, Фримен слична црна ракавица до лактот носеше во 2023 година кога ја доделуваше наградата со Маргот Роби на Оскарите, а една година претходно беше снимен со една ракавица за време на свеченото отворање на Светското првенство во Катар.
Сепак, причината поради која го носи нема врска со модата - тоа е сериозен здравствен проблем.
Тешката повреда во 2008 година остави трајни последици
Пред 17 години, во 2008 година, тогаш 71-годишниот Фримен беше тешко повреден во сообраќајна несреќа кога изгубил контрола над возилото и излетал од патот во близина на својот дом во Чарлстон, Мисисипи. Автомобилот се превртел, а Фримен бил изваден од автомобилот и со хеликоптер префрлен во болница во Мемфис.
Тој се здоби со повеќе скршеници на коските, а операцијата на неговата рака траеше повеќе од четири часа.
Оттогаш, актерот се справува со неподнослива болка во рамото и трајно оштетување на нервите, состојба позната како фибромијалгија, за која нема лек.
Фримен носи компресивна ракавица за да ја ублажи болката и да спречи отекување на раката. Зборувајќи за повредата во интервју за People во 2010 година, тој призна дека неговата состојба никогаш не се подобрила.
„Ако не ја движите раката, таа ќе отече. Дали знаете дека ја движите раката речиси милион пати на ден? рече тогаш.
Во интервју за Esquire неколку години подоцна, тој откри дека сè уште страда од делумна парализа и силна болка што му се шири на целата рака.
Извор: B92.net