Морничава трагедија го „покоси“ животот на сестрите Вилијамс: Тие навистина го покорија светот на тенисот и заработија милиони, но која беше цената?

Тие се многу успешни тенисерки, една од нив важи за вистински титан на теренот, непобедлива, родена за победа, како што вели за себе. Повеќето ги гледаат само нивните успеси и насмевки, но зад нив се крие тешка животна приказна.

Серена и Венус Вилијамс немаа лесен почеток во животот и слободно може да се каже дека животот воопшто не ги галеше. Тие пораснале во голема сиромаштија, а нивниот татко Ричард Вилијамс тенисот го гледал како излез од тешката животна ситуација.

Сестрите Вилијамс денеска се натпреваруваат на најпрестижните тениски терени, а првите тениски чекори ги направија на дотраено тениско игралиште во близина на семејната куќа во Лос Анџелес. Семејството немало пари за приватни школи за тенис, па Серена и Венус до еден момент практично биле самоуки.

Начинот на кој нивните родители ги воспитувале, а особено родителските методи на нивниот татко, подоцна предизвика контроверзии. Се пишуваше дека таткото ги малтретирал за да го извлече семејството од сиромаштија, дека ги терал да тренираат премногу напорно и ги терал да ги надминат границите на нормалното и погодно за двете девојчиња во тоа време. Дури до толку, што и двете биле неверојатно ицрпени што не можеле да одат.

Од друга страна, може да се слушне дека имал многу разбирање за нив и дека не сакал тенисот да им го одземе детството, како и дека неговата одлука да игра тенис всушност била единствениот излез за Серена и Венус.

А талентот на сестрите Вилијамс, ништо и никој не можеше да го спречи да излезе на површина, ниту лоши материјални услови, ниту престрог татко. И двете успеаја да го заземат првото место на ВТА листата.

Тие ги освоија најпрестижните турнири, како Вимблдон, Ролан Гарос, Австралија Опен.

Брилијантната кариера беше скратена како со меч од голема семејна трагедија пред неколку години, кога на 31-годишна возраст беше убиена нивната најстара полусестра Јетунде (мајката на Венус и Серена имаа три ќерки во првиот брак).

Тоа беше тежок удар за нив, а потоа неколку години подоцна ги погоди нов, голем семеен скандал. Поранешната сопруга на нивниот татко, 37 години помладата Лакиша, со измама му го одземала богатството.

Ричард едвај се опорави од тоа, а најголемата поддршка му беа ќерките.

Далеку посветлата страна на нивниот приватен живот е љубовта. Венус, која исто така игра тенис, се бави со ентериер (сопственичка е на многу успешна компанија) ужива покрај Ричард Хамонд.

Серена има брак од соништата заедно со сопругот Алексис Оханијан. Со него ја доби ќерката Олимпија Алексис Оханијан, поради која паузираше една година од тенисот.


Извор: Stil.kurir

Фото: profimedia