„Можам да кажам дека сум среќна“: Данијела Димитровска прв пат за врската со помладиот фудбалер
Foto: Instagram printscreen/danijeladimitrovska
Манекенката Данијела Димитровска по разводот со водителот Огњен Амиџиќ започна романса со шест години помладиот фудбалер Јеврем Косаниќ.
Даниела сега за прв пат ја коментираше романсата со спортистот, но не сакаше да открие детали од нивната врска.
- Можам само да кажам дека сум среќна, само тоа ќе коментирам за мојот приватен живот вечерва - истакна Димитровска.
На прашањето што е за неа здраво и среќно семејство, манекенката одговори:
- Здраво семејство, односно функционално семејство е семејство кое има отворен, искрен однос и членови кои се взаемно посветени.
Таа нагласи дека не обрнува внимание на негативните коментари и вести за неа.
- Ништо веќе не ме засега. Толку долго се занимавам со бизнис, од 15 години, тоа се преку 20 години и навикната сум на сѐ, па веќе не обрнувам внимание - заклучи Даниела.
Да потсетиме, Данијела и Огњен се разведоа по 10 години брак. Поранешните сопружници добија син и поради него останаа во пријателски односи.