мПретприемач - бизнис пакет кој обезбедува поголема заштита и сигурност на трговските друштва

Добивај вести на Viber

Без оглед дали сте сопственик на кафуле, фризерски салон, фитнес центар, или продавница за храна, важно е да се размислува за иднината на бизнисот. Постојат многу непредвидливи ситуации во бизнисот, на кои, за жал, не може да се влијае и затоа е важно навреме да се заштити за да не исчезне преку ноќ се што се создало со напорна работа. Најдобар доказ за тоа е минатата година која беше тешка за секого поради корона вирусот и која остави значителни лоши последици за многу бизниси.

Затоа, во овие тешки и предизвикувачки времиња, од исклучително значење е претприемачите да знаат како да го заштитат работењето и да обезбедат дополнителна безбедност за сопствениот бизнис. Осигурување на бизнисот, за жал, не може да спречи несреќа, но може значително да ги ублажи последиците што можат да бидат фатални за работењето, без оглед на големината на компанијата. Осигурувањето истовремено придонесува за безбедноста на вработените, доверба на деловните партнери кои се основа на одговорно и совесно деловно работење.

Свесни за вредноста што претприемачите ја претставуваат за домашната економија, но и за ризиците и неизвесностите со кои се соочуваат во нивниот секојдневен бизнис, Кроација осигурување во своето портфолио додаде нов пакет производи – „Мој Претприемач“- мПретприемач кој е  резултат на фокусот на компанијата на потребите на трговските друштва кои сакаат да обезбедат дополнителна заштита и сигурност во бизнисот. Пакетот е наменет за мали и средни трговски друштва кои се занимаваат со трговија и услуги, а предвидува покритие од основни ризици на имотот, финансиска загуба поради прекин на работа, одговорност кон трети лица, осигурување на вработените од последици од незгода. Дополнително може да се вклучи осигурување од ризик поплава, порој и високи води, земјотрес, кршење на машини и доброволно здравствено осигурување за вработените.

Овој бизнис пакет има за цел да им обезбеди на трговските друштва поголема заштита и сигурност, а со вклучување на доброволното приватно здравствено осигурување се дава дополнителна вредност на пакетот осигурување, што го прави производот уникатен на осигурителниот пазар. Предностите на пакетот се согледуваат во неговата флексибилност, односно можноста на една полиса да се склучат повеќе осигурувања, кои доколку треба да се изберат поединечно, трговското друштво може да биде изложено на повисоки трошоци како и неможност за обезбедување на адекватна понуда. Затоа изборот за осигурување во пакетот „мПретприемач“ е вистински избор за претприемачите бидејќи ги добиваат сите ризици кои можат да го загрозат нивното работење.