Култура // Концерти
Му се додворуваат девојчиња, па чичко Игор им бара лична карта: Феноменален концерт на шоуменот Џамбазов
Шоуменот докажа и покажа по кој знае кој пат како се прави шоу.
Тоа го направи вчера во Филхармонија во Скопје, заедно со неговиот музички гуру, Игор Атанасовски- Харе со кој прославија 30 години од нивната соработка и блуз живот.
Овој концерт Игор го посвети на татко му, маестро Александар Џамбазов кој почина лани, а исто така, го славеше и својот 60. роденден.
Се редеа многу песни, анегдоти, смеа, забава, цела сала му ракоплескаше постојано и во тие часови како да се заборави на сите проблеми кои не опкружуваат.
„Време за плачење“, еден од најголемите хитови на Џамбазов од „Макфест“, го испеа на бис. За вториот бис, тој остави една скопска песна, „Скопје, Сарај, Матка и обратно“.
Посвети и песна за сите девојчиња кои му се додворуваат, а можел татко да им биде:
„Чичко Игор прво бара лична карта па после прави муабет“
Р.Ж.М