Мулталентираната Дени која е во инвалидска количка има нова песна: Спотот е снимен кај Медената Атиџе

Добивај вести на Viber

Дени Жерновска е талентирано девојче, на кое пеењето и танцувањето го водат низ животот. Иако боледува од церебрална парализа и е во количка, Дени секојдневно им пркоси на животните предизвици.

Овој пат нејзината наставничка по музичко образование, Сузана Турунџиева откри дека девојчето снимило трета песна. Делото е насловено „Пчела“, а спотот за песната е снимен во Овчеполието, односно кај Атиџе.

Во песната придружни вокали се Медената Атиџе и Сузана Турунџиева, а тие ќе се појават и во спотот.

Честитки мила Дени, продолжи да редиш песни и во иднина.


„Нашата хероина Дени, сними спот за нејзината трета песна "Пчела" за која Андријана Јаневска направи прекрасен аранжман, а јас ги направив музиката и текстот. Мулти талентираната Дени отпеа фантастично, а Атиџе и јас имавме чест да и пееме придружни вокали. 

Во спотот ќе заблескаат и насмевките на умните дечиња од 4а одделение при ООУ Гоце Делчев Центар, а поголемиот дел од сцените се снимени низ медените и житните  пространства на Овчеполијата, на терен на Атиџе, која заедно со тетка Илинка - нејзината најблиска сосетка, беа одлични домаќини“, напиша Турунџиева покрај објавата за новиот спот и песна на Дени.


Фото: Фејсбук - Сузана Турунџиева

Болките на Атиџе беа неиздржливи, не можеше сама да оди ниту до тоалет: Турунџиева раскажа за голготата низ која помина познатата пчеларка