„Мумија мода“ ќе биде апсолутен хит есенва: Практично, ефектно, евтино, а ќе изгледате како милион долари
Познатиот моден магазин „InStyle“ новиот моден хит меѓу познатите жени го нарече „мумија на модата“. Необичниот дизајн го иницираше модната куќа Шанел.
На црвените теписи, официјалните страници на Инстаграм, на промоции, модни ревии, но и на улица - сѐ повеќе можеме да видиме бели или некои светли пастелни бои, блузи со јазли, но и завиткани појаси околу половината, градите или вратот што личат на завоите на мумиите.
Foto:ProfimediaПрва што прошета во овој стајлинг беше Маргот Роби на премиерата на „The Suicide Squad“ кога прошета по црвениот тепих во преклопен, исечен комбинезон од колекцијата „Chanel Cruise 2021/2022“.
Видовме дека слепо ги следат модните трендови и популарните пејачки Дуа Липи и Рита Ора, кои носеа кратки бели фустани со превиткувања околу половината, иако Рита Ора носеше малку поекстравагантна верзија на фустанот.
Се разбира, пионер во вака дизајнирани парчиња беше Бела Хадид, која на почетокот на јули носеше интересен светло-жолт топ без ракави, но со завиткан појас преку градите, како и летен бел фустан со набори околу вратот и телото што остави ист „мумички“ впечаток ..
Ќе видиме како овој моден тренд дополнително ќе се развива и дали ќе остане „балсамиран“ меѓу модните гуруа како калсик кој никогаш нема да застари, но додека трае експанзијата на овој моден израз, можете да си дозволите слични парчиња по екстремно ниски цени од интернет.
Фото: Profimedia/Instagram
Izvor: zena.blic.rs