На 1 април доаѓа млада месечина која носи турбулентни промени: 4 хороскопски знаци ќе си го променат животот од корен
Почетокот на април ќе го дочекаме со млада Месечина во
знакот Овен, а ова месечина на сите им нуди моќна можност да го изразат своето
вистинско јас. Тоа може да значи дека конечно ќе ѝ покажеме на околината кои сме навистина,
а може да значи и дека на прво место ќе ги ставиме нашите потреби или дека ќе
започнеме проект кој вистински не исполнува.
Астролозите тврдат дека оваа млада Месечина е совршено време да направиме добар план за иднината и да почнеме да преземаме одредени чекори во однос на исполнувањето на нашите соништа.
Очекувано, оваа лунарна фаза ќе влијае на сите знаци на Зодијакот, но некои повеќе од другите. Па, да видиме кои четири знаци особено ќе го почувствуваат влијанието на младата месечина.
ОВЕН
Ова е голем и важен период за вас. Сè или ништо ве чека! Вооружете се со самодоверба и ентузијазам додека се отвораат важни поглавја во вашиот живот. Постојат сите шанси животот да ви стане подобар и поисполнет и да дојдат награди за целиот труд што сте го вложиле во претходниот период.